Паѓаат цените: Роаминг на Балканот за 11 денари

12.09.2014 17:53

Граѓаните од Македонија сега плаќаат пет пати повисоки цени во за мобилна телефонија во странство, за интернет 30 пати повеќе од Европејците. Со новата роаминг регулација цените ќе паднат и до педесетина насто...

Од 2015 наместо за 150-тина денари, минута разговор преку мобилен од Турција ќе чини 11 денари. Се изедначуваат цените во роаминг со уште осум Балкански земји. Поефинуваат разговорите, СМС пораките, драстично пониски цени и за мобилниот интернет. До крајот на месецов Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Турција треба да стават потпис на договорот.

„Сакаме цените да бидат усогласени со цените коишто моментално се предвидени во роаминг регулативата на Европската комисија, односно тие да изнесуваат за една минута разгвор во роаминг не повеќе од 11 денари, за седен СМС не повеќе од 3,5 денари и за еден мегабајт интернет во роаминг да не изнесува повеќе од 12 денари“, рече Владимир Ристевски до Агенцијата за електронски комуникации.

Граѓаните од Македонија сега плаќаат пет пати повисоки цени во за мобилна телефонија во странство, за интернет 30 пати повеќе од Европејците. Со новата роаминг регулација цените ќе паднат и до педесетина насто.

„Тоа ќе биде добро.“

„Ќе се заштеди“, велат анкетираните граѓани.

Промени во законската регулатива за електронски комуникации ќе наметне спогодбата за поефтин интернет на Балканот.

Согласност треба да дадат владите на петте држави, измените на регулативата да ги завршат до декември. Ниските цени во роаминг ќе го скастрат профитот на компаниите отпор има, но надлежните велат, со пониски цени повеќе ќе се зборува и сурфа, корисниците ќе добијат квалитетни а ефтини услуги.

Сузана Фиданска Стоевска