Анализа

Дали е можна мирна транзиција во Иран или пак поверојатно е избувнување внатрешен конфликт?

01.03.2026 13:11

Режимот на ајатолахот Хамнеи опстојува речиси 4 децении. Што по неговата смрт? Дел од Иранците слават, дел од нив протестираат во знак на поддршка на моменталната власт. Дали е можна мирна транзиција во Иран или пак поверојатно е избувнување внатрешен конфликт?..

Рубиконот е поминат и светот првпат се соочува со една операција како оваа за соборување на режимот на ајатолахот во Иран. По смртта на ајатолахот Али Хаменеи кој повеќе од три децении ја обликуваше политиката на Иран му претстои длабока политичка криза, иако за да опстои иранскиот режим жилаво возвраќа за зачувување на власта, смета аналитичарот Атанасовски.

Ова е само тригер се работи за поголема приказна отколку војна меѓу САД, Израел и Иран. Датира уште од времето на арапската пролет кога пропаднал обидот да се менува Блискиот Исток, вели за МТВ директорот на Институтот за меѓународни стратегиски безбедносни студии, Раби Седрак.

Седрак уверува дека сад не се заинтересирани за долгорочна војна туку за смена на режимот па голема е веројатноста дека ќе ги остави земјите во опкружувањето на Иран и Иран самите да одлучуваат

Македонија не би требало да биде опфатена со овие дејствија, ниту пак има простор за стравувања во светот од економска криза поради евентуално затворање на Ормутскиот теснец зашто голема е веројатноста дека тоа Иран не ќе може да го направи.

 

Фиљана Кока