Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка
Светот денеска живее и минува низ бурни времиња. Инвестициите ќе ги вратат иселените дома – премиерот Мицкоски од Крива Паланка. Пуштена во употреба реконструираната обиколница.

Во периодот што следува ќе влезат неколку стотици милиони евра инвестиции за проекти што ќе ја поврзат Македонија со соседите преку Коридорот 8, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека инвестициите во регионот ќе продолжат со третата фаза од железничката пруга, забрзување на втората фаза, како и со нови зафати во патната инфраструктура.
Пуштена во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка. Поставена е нова хоризонтална и вертикална сигнализација и еластична ограда според европски стандарди.
Реконструирана обиколница е долга 4,5 км, и широка 7,5 метри. Проектот е завршен во рекордно време.
Вицепремиерот Николоски оцени дека проектот е пример за одговорно работење и навремена реализација. Тој потсети дека лани во употреба беше пуштен експресниот пат Крива Паланка – Страцин, а во моментов интензивно се работи и на модернизација на граничниот премин Деве Баир, со што значително ќе се намали времетрањето во поминување на оваа делница. Според него, првата фаза од работите на преминот треба да заврши до јуни годинава, по што ќе следува проширување и целосна модернизација.
Проектот се спроведе преку Јавното претпријатие за државни патишта, а инвестицијата изнесува над 65,5 милиони денари.
Марина Стојанова Тонева
