Одбележување на Денот на цивилната заштита
Пожар во селото Велушина кој се гасне со координирана акција на доброволните противпожарни друштва е целта на симулациската вежба која се организираше во Битола за одбележувањето на Денот на цивилната заштита. На терен тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување и доброволното противпожарно друштво „Архангел“...

Со показна вежба-симулација на пожар на отворен простор во близина на населено место и манастир, заврши дводневниот кампус за доброволни пожарникари, со кој се одбележа Меѓународниот ден на цивилната заштита. На настанот учествуваа повеќе доброволни противпожарни друштва од земјава-кои ги истакнаа и проблемите со кои се соочуваат, а целта е унапредување на вештините, координација со институциите и тимска подготвеност во пресрет на сезоната на пожари.
За повеќе држави неисплатливо е да се вработуваат пожарникари, во текот на целата година, кои имаат поголем обем на работа само во летните месеци. Затоа доброволните противпожарни друштва се клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди.-истакна директорот Ангелов. Моментално се работи на законски измени со акцент на правниот статус и усогласување на законската рамка со теренските потреби и европски практики.
На хартија во Централен регистар постојат околу 350 доброволни противпожарни друштва, од нив активни се само 15-тина кои се оперативни и обучени да делуваат на терен.
Александра Максимовска
