Вила Водно

Сиљановска-Давкова: Стабилна и безбедна е состојбата во земјава

01.03.2026 21:33

Стабилна и безбедна е состојбата во земјава, укажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по одржаната Седница за безбедност. Од првите луѓе во министерствата и директорите на безбедносните агенции добиено е цврсто уверување дека нема зошто да се грижиме, се следат состојбите и институциите од регионот се во постојана координација, рече претседателката...

Стабилна и безбедна е состојбата во земјава, укажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по одржаната Седница за безбедност. Од првите луѓе во министерствата и директорите на безбедносните агенции добиено е цврсто уверување дека нема зошто да се грижиме, се следат состојбите и институциите од регионот се во постојана координација, рече претседателката.

Се поголем е бројот на македонски граѓани кои се во земјите од Блискиот Исток кои по повикот се пријавуваат во македонските ДКП-а заради евидентирање и евентуална евакуација.

На седницата на Советот за безбедност се разговарало и за влијанието од конфликтот врз економијата и енергенсите. Според пропишаните норми државата ги има потребните резерви нафта за 40 до 90 дена, а виталните објекти и оние под ризик се под постојана заштита, рече претседателката Сиљановска-Давкова.

 

Миле А. Ристески