Украина
Продолжуваат жестоките напади меѓу Украина и Русија
02.03.2026 09:55
Во воздушен напад во Запорожјето има повредени и делумно оштетени згради. И Русија нотира удари со дронови во Краснодарскиот регион каде што е прогласена вонредна состојба.

Продолжува војната во Украина. Жестоки напади на фронтот. Руските единици објавија дека постигнале напредок во Донецката област.
Во воздушен напад во Запорожјето има повредени и делумно оштетени згради. И Русија нотира удари со дронови во Краснодарскиот регион каде што е прогласена вонредна состојба.
Украинскиот претседател Зеленски вели дека, според разузнавачките информации, Москва, напролет подготвува нови напади врз украинската инфраструктура.
