Скок на цените на нафтата и златото по нападот врз Иран
Нападите на САД и Израел врз Иран предизвикаа моментален и остар скок на светските цени на нафтата поради страв од прекин на снабдувањето преку клучните поморски патишта. Златото, пак, реагираше веднаш по нападите на САД и Израел врз Иран...

Нападите на САД и Израел врз Иран предизвикаа моментален и остар скок на светските цени на нафтата поради страв од прекин на снабдувањето преку клучните поморски патишта
Цената на нафтата од типот Брент скокна за над 9 проценти на почетокот на тргувањето, достигнувајќи околу 80 долари за барел. Американската лесна нафта исто така забележа раст од околу 8 проценти, тргувајќи се над 71-75 долари.
Најголем страв за пазарите е делумното или целосното затворање на Ормутскиот теснец, низ кој поминува околу 20 проценти од светската нафта. По извештаите дека Иран го забранил минувањето на бродови низ овој премин, многу танкери го прекинаа движењето.
Нафтениот гигант „Сауди Арамко“ потврди дека една од неговите рафинерии во Саудиска Арабија била погодена од дрон, што дополнително ја зголеми паниката за сигурноста на регионалната енергетска мрежа.
Аналитичарите предупредуваат дека доколку конфликтот ескалира или теснецот остане затворен подолго време, цената на нафтата би можела да ја надмине границата од 100 долари за барел.
Златото, пак, реагираше веднаш по нападите на САД и Израел врз Иран. Додека нафтата се соочува со проблеми во снабдувањето, златото расте поради зголемената геополитичка несигурност и стравот од глобална инфлација.
По вестите за воените дејствија и затворањето на Ормутскиот теснец златото се тргуваше во опсег помеѓу 5.390 и 5.410 долари за унца. Во само еден трговски ден, цената порасна за над 2 – 3,4 проценти.
