Тенис
Франција и Швајцарија на чекор до финале
12.09.2014 22:01
На дуелот во Женева, Станислас Вавринка го совлада Фабио Фоњини со 3:0 по сетови откако победа во три сета славеше и Роџер Федерер над Симоне Болели...

Селекциите на Франција и Швајцарија се изборија за сериозна предност во полуфиналните натпревари од тенискиот Девис куп.
На дуелот во Женева, Станислас Вавринка го совлада Фабио Фоњини со 3:0 по сетови откако победа во три сета славеше и Роџер Федерер над Симоне Болели.
Во другото полуфинале и Франција по првиот ден има предност од 2:0 во дуелот со Чешка.
Победи за „Триколорите“ остварија Ришард Гаске и Жо Вилфред Цонга во мечевите со Томас Бердих односно Лукас Росол.
Утре се мечевите во двојки, а в недела преостанатите два сингл мечеви.