Имаме ли засолништа и систем за тревога?
Речиси секој нов воен конфликт го отвора прашањето за состојбата со скривниците и засолништата. Има стотина на територија на Македонија. Најголем дел од нив запуштени и блокирани со неисправна вентилација и недостаток од струја, се користат дури и како магацини. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат оние за кои се надлежни се функционални, но признаваат дека со недоволни услови. Експертите предупредуваат на неизвесноста, бараат да се изврши увид...

Земјава ни од далеку нема доволна бројка скривници каде би можело да се засолни населението при евентуален напад. Грижата за нив им е доделена на Дирекцијата за заштита и спасување и делумно на локалните власти. Првиот човек на дирекцијата Ангелов е дециден – дел од скривниците за кои сме надлежни се функционални, но тоа воопшто не е доволно.
Дел од засолништата во Битола, Охрид на пр. Се употребливи но тоа не е случај со поголемиот дел како во Прилеп или во главниот град. МТВ при обиколка на познати скривници за скопјани затече запуштени објекти кои повеќе наликуваат на депонии
Воените експерти предупредуваат дека живееме во неизвесност и никогаш не може да се претпостави дали некој би извршил напад. Велат скривниците треба час поскоро да бидат оспособени за прифаќање на луѓето.
Систем за тревожење од минатиот век, функционален но ни од близу не во согласност со новите технолошки текови и ЕУ и НАТО стандардите вели раководителот на ЦУК Стојановски.
Стојановски најавува проект за воспоставување модерен систем финансиски поддржан од донатори и од меѓународни институции.
Фиљана Кока
