Случај „Пулс“
Почнува враќањето на личните предмети на жртвите од пожарот во „Пулс“
02.03.2026 15:01
Постапка за враќање на личните предмети на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ пронајдени на местото на настанот.

Започнува постапката за враќање на личните предмети на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ пронајдени на местото на настанот. Од денеска до петок, во периодот од 09:00 до 18:00 часот, блиски членови на семејствата, како и други лица кои биле присутни ќе може да се обратат во просториите на одделението за внатрешни работи Кочани.
Целта е по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата личните предмети кои биле пронајдени при увидот, да им бидат вратени.
Меѓу нив има мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.
