Ракомет
Лазаров со нов трофеј
12.09.2014 22:03
Во вредната победа Лазаров учествуваше со 4 погодоци...

Екипата Барселона во чии редови настапува најдобриот македонскиот ракометар Кирил Лазаров ја одбрани светската клупска титула.
Во финалниот натпревар што го водеа македонските интернационални судии Начевски и Николов, Барселона го совлада Ал Сад со 34-26.
Во вредната победа Лазаров учествуваше со 4 погодоци. Во мечот за третото место на популарниот супер глоуб Флензбург со 27-17 славеше над Ал Џаиш.
