ДКСК

Се работат предметите за Цвета Ристовска, соопштија од ДКСК

02.03.2026 13:53

Антикорупциска работи на предметите поврзани со нивната поранешна колешка Цвета Ристовска. Одлуките се очекуваат наскоро. „Левица“ со кривична пријава против Ристовска за противправно стекнување и прикривање имот.

Државната комисија за спречување на корупцијата работи на предметите кои се однесуваат на нивната поранешна колешка Цвета Ристовска. Претседателот на институција, Адем Чучуљ најави дека наскоро ќе бидат донесени одлуки.

Во меѓувреме „Левица“ поднесе кривична пријава против Ристовска за сторено кривично дело противправно стекнување и прикривање на имот, спротивно на законските обврски. Иако била должна, не пријавила две компании, кои се во сопственост на членови на нејзиното семејство, велат од партијата.

Предметите кои ги работела Ристовска пак, ќе бидат прераспределени на новиот член на Антикорупциска, веднаш по неговиот избор, информираат од Комисијата.

 

Марија Котовска