Македонија
УХМР: Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
02.03.2026 15:23
Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.
Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Промена на временските услови се очекува во четврток, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.
