РКЕ

Поскапуваат бензините од полноќ

02.03.2026 13:53

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ)...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,5, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 71, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,022 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,542 денари