Војдан Стојановски влегува во историјата: 90-ти настап за репрезентацијата

02.03.2026 14:03

Стојановски беше дел од репрезентацијата на Европските првенства во 2009, 2011, 2013 и 2015 година, а во моментов е четврти на вечната листа на стрелци со 881 постигнат поен.

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски денеска во Баку ќе го одигра својот 90-ти натпревар во националниот дрес, на дуелот против Азербејџан, со што ќе стане првиот кошаркар во историјата со 90 официјални настапи за Македонија.

Според статистиката на Светска кошаркарска федерација, настапот против Луксембург во петокот бил негов 89-ти, со што се изедначи со бројот на настапи на Тодор Гечевски. Во официјалната евиденција, сепак, не се вбројуваат двата натпревара од Европското првенство во Полска во 2009 година, кога Стојановски беше во составот на дуелите со Русија и Германија, но поради повреда не настапи.

Стојановски беше дел од репрезентацијата на Европските првенства во 2009, 2011, 2013 и 2015 година, а во моментов е четврти на вечната листа на стрелци со 881 постигнат поен. Веќе на следниот натпревар може да го надмине Гечевски, кој има 891 поен.

Пред него на листата се уште се Врбица Стефанов со 947 поени и Петар Наумоски, кој е лидер со 1.040 постигнати поени.

 

Извор/ Фото: МИА