Авиосообраќај
„Визер“ времено ги прекина летовите кон дестинациите на Блискиот Исток
02.03.2026 16:51
Поради ескалација на безбедносната ситуација во регионот и затворање на воздушниот привремено ги прекина сите летови кон и од дестинациите на Блискиот Исток, соопшти авиокомпанијата „Визер“...

Поради ескалација на безбедносната ситуација во регионот и затворање на воздушниот привремено ги прекина сите летови кон и од дестинациите на Блискиот Исток, соопшти авиокомпанијата „Визер“.
Сите летови до Израел, Арапски Емирати, Јордан и Саудиска Арабија се суспендирани до 7-ми март.
Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.
