МВР

Два случаи на насилство врз жени во Скопје

02.03.2026 16:16

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер.

Министерство за внатрешни работи информира за два одвоени случаи на насилство врз жени регистрирани во Скопје.

Синоќа во 20:50 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка пријавила дека од октомври 2025 година до вчера била вознемирувана и следена на различни локации од нејзиниот поранешен партнер С.Н. (28). Според пријавата, тој ѝ упатувал закани кон неа и кон нејзиното семејство. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во вториот случај, полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21:20 часот во скопско село го лишиле од слобода Ц.Н. (40), постапувајќи по пријава дека во текот на изминатата недела физички ја нападнал својата 35-годишна сопруга. Според информациите, тој употребил тврд предмет и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а ѝ се заканувал и со огнено оружје.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.