Економија

Законско усогласување на минималната плата

02.03.2026 18:10

Минималната плата се зголемува, работниците од април со повисоки примања. Ќе се испочитува законското усогласување од 1.667 денари, со што минималецот ќе изнесува нешто над 26.000. Сојузот на синдикати ја напушти седница на Економско – социјалниот совет, најави дека борбата ќе ја продолжи на улица.

Минималната плата законски се усогласува за 1.667 денари и ќе изнесува нешто над 26.000 денари. Работниците повисоките мартовски примања ќе ги добијат во април.

ССМ остана на ставот за минималец од 600 евра, незадоволни од тоа што предлогот не помина, синдикалците ја напуштија седницата на ЕЕС и најавија нови протести.

Работодавачите останаа на нивните позиции.

Премиерот Мицкоски рече дека Владата регулирала 95% од односите со синдикатите преку колективни договори со рок на реализација до 2028 година, нагласувајќи дека не презема обврски што би важеле по истекот на мандатот.

Според официјалните податоци, просечната исплатена нето-плата пораснала за 9,6%, а индексот на трошоците за живот бележи пораст од 4,1%.

Борис Грујоски