Блиски Исток

Нашинци сведочат за ситуацијата во Дубаи и Израел

02.03.2026 18:46

Илјадници летови се откажани поради војната на Блискиот Исток. Дел од нашинците од Дубаи велат дека ситуацијата полека се смирува и оти живот се враќа во нормала. Но, дел грчевито бараат начин да се вратат дома.

Македонката Светлана Стевковска е во Дубаи. Откако и Обединетите Aрапски Eмирати се најдоа на удар на иранските ракети, таа сведочи за експлозиите кои ја погодија ексклузивната дестинација. Но, раскажува и дека животот полека се враќа во нормала и оти од властите добиле уверување дека нема место за паника.

За разлика од Светлана, Македонецот Иле Тримчески е во Израел, земја која е директен учесник во војната.

Илјадници летови пропаднаа на Блискиот Исток. И туристички агенции од Македонија ги откажуваат веќе договорените аранжмани.

„Виз ер“ информираше дека летовите, до и од Саудиска Арабија, Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман се суспендирани до 7 март.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски