МВР

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари преку „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

02.03.2026 20:21

Гледано по седмици, најмногу прекршоци – 4.991 – се евидентирани во периодот од 2 до 8 февруари, а најмалку – 4.490 – од 9 до 15 февруари. Поединечно по денови, најмногу прекршоци се регистрирани на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Дневниот просек во февруари изнесувал 706 прекршоци.

Во текот на февруари преку системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 19.066 сообраќајни прекршоци на подрачјата на градовите и долж Коридорите каде што се поставени камери.

Според податоците на Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија, од 1 до 28 февруари најголем дел од прекршоците – 18.172 – се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. За минување на затворен сигнал (црвено светло) регистрирани се 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола 674 прекршоци.

Во истиот период изречени се 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 за минување на црвено светло и 433 за брзо возење.

Гледано по седмици, најмногу прекршоци – 4.991 – се евидентирани во периодот од 2 до 8 февруари, а најмалку – 4.490 – од 9 до 15 февруари. Поединечно по денови, најмногу прекршоци се регистрирани на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Дневниот просек во февруари изнесувал 706 прекршоци.

Најголем дел од прекршоците, 12.073 или 63,3 проценти, се регистрирани на подрачјето на Скопје. Значителен број – 5.702 – се евидентирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10, додека најмал број е регистриран на подрачјето на СВР Тетово – 370, како и на останати локации каде се констатирани 17 прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.