Обвинителство

Обвинителството ја проширува истрагата за осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане

02.03.2026 18:28

Обвинителството ја проширува истрагата за осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане. Засега има докази за две убиства и за обид за убиство. Ќе се ексхумира уште едно тело, за кое постои сомнеж дека е жртва на 25 – годишникот, кому му се заканува доживотна затворска казна...

Две потврдени убиства, но дали има и трето? Ова го истражува Обвинителството со проширената истрага за овчарот од Старо Нагоричане. Деновиве ќе се откопува уште едно тело за да се утврди дали има ДНК траги на осомничениот, откако вештачењата веќе го поврзале со претходните две убиства.

Истрагата за можна трета жртва засега плива во индиции, a докази се бараат и во сите пријави и поплаки поднесени против осомничениот. Тим од истражители, медицински и полициски експерти проверуваат дали има пропусти во претходните постапувања. Паралелно, се проверуваат и сите сомнителни смртни случаи во регионот.

Жртвите се усмртени со давење. До овој момент нема докази за силување, велат од Обвинителството. Случајот се води како квалификуван, за што е запретена доживотна затворска казна.

Анита Димитријевска – Велковска