Решенија за проблемите на производителите на храна
Заостанатите субвенции ќе им се исплатат на производителите, ќе се слушнат нивните проблеми и ќе биде објаснета програмата за оваа година. Платежната агенција под слоганот „Прашај ја агенцијата“ почнува средија средби со македонските производители на храна.

Заостанатите субвенции во овчарството за 2023 и 2024 година ќе се исплаќаат за брзо, налозите се во трезорот, а во тек е обработката на документацијата за една милијарда денари неисплатени субвенции за минатата година. Ова им го порача в.д. директорката на Платежната агенција на одгледувачите на овци од земјава при денешната средба во Прилеп.
Пари има за сите исплати.
Денеска е отворен и јавниот повик за исплата на платите за овчарите за лани, за до јуни процесот да заврши.
Агенцијата ќе ги слуша и ќе понуди решенија за проблемите на производителите на храна.
Елизабета Митреска
