Белата куќа потврди: САД се во војна со „Исламска држава“

13.09.2014 11:00

Белата куќа соопшти синоќа дека САД се во војна против џихадистите од „Исламска држава“ (ИД).

Државниот секретар на САД Џон Кери, кој е на турнеја низ Блискиот Исток за формирање на широка коалиција против ИД, вчера не го употреби терминот „војна“ за квалификување на проширувањето на американската воена операција против ИД во Ирак и Сирија, туку оцени дека тоа е „антитерористичка операција“ која ќе трае определено време, додека не бидат исполнети нејзините цели.

Пентагон и Белата куќа, меѓутоа, ги отстранија сите сомненија како го сфаќаат конфликтот.

„САД се во војна со ИД, и исто така продолжуваме да сме во војна со Ал каеда и нејзините сојузници ширум светот“, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест.

Од минатиот месец досега американските борбени и беспилотни авиони нанеле 160 удари врз ИД во Ирак.