посета

Руте на средби со државниот врв во земјава

03.03.2026 08:26

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска доаѓа во официјална посета на земјава. Руте со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан во Вила Водно, каде што ќе има средба со претседателката Сиљановска-Давкова. На агендата е и неговото обраќање пред Собранието...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска доаѓа во официјална посета на земјава. Руте со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан во Вила Водно, каде што ќе има средба со претседателката Сиљановска-Давкова. На агендата е и неговото обраќање пред Собранието. Ќе има и презентација на Лесната пешадиска баталјонска група, на дел од опремата на оваа единица, настан на кој ќе присуствува и министерот за одбрана Мисајловски и високите претставници од Армијата. Ова е негова прва посета на земјава откако ја презеде функцијата прв човек на Алијансата.

Од МВР соопштуваат дека поради посетата на генералниот секретар на НАТО Руте во централното градско подрачје во Скопје има посебен сообраќаен режим. Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници за сообраќајот да се одвива непречено.