Свет

Зеленски: Ќе помогнеме против иранските дронови ако има едномесечно примирје со Русија

03.03.2026 09:08

Зеленски понуди испраќање на украински експерти за противдронска одбрана на Блискиот Исток, но со јасен услов – арапските лидери да извршат притисок врз Путин да прифати едномесечно примирје во војната со Русија...

Зеленски понуди испраќање на украински експерти за противдронска одбрана на Блискиот Исток, но со јасен услов – арапските лидери да извршат притисок врз Путин да прифати едномесечно примирје во војната со Русија.

На дипломатски план, преговорите висат во воздух, најверојатно локацијата за следната средба меѓу американски и руски претставници допрва ќе се утврдува.

Лидерот на Украина негодува што унгарскиот и словачкиот премиер Орбан и Фицо не изразиле никаква благодарност за обновувањето на нафтоводот „Дружба“.

Испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка беа прекинати од 27-ми јануари кога, според соопштението на Киев, во руски напад бил оштетен нафтоводот, додека Словачка и Унгарија ја обвинија Украина за прекинот на неговата работа.