Реал ќе се бори со Манчестер за Стротман
Англискиот гигант Манчестер јунајтед не е единствениот клуб којшто е готов да достави понуда за ангажман на халфот на Рома Кевин Стротман. Според „Газета дело спорт“ европскиот првак Реал Мадрид, исто така, е заинтересиран за услугите на холандскиот репрезентативец, кој е надвор од терените од 9 март, кога се повреди на натпреварот со Наполи во Серија А. Поради ова тој не играше за Холандија на Светското првенство во Бразил.

Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини, рече дека клубот не сака да го продаде Стротман, но и се посомнева дека ќе можат да спречат негов премин во поголемите клубови. Се шпекулира дека интерес за дефанзивецот има и од Пари Сен Жермен. Како и да е, јасно е дека до јануарскиот преоден рок Стротман ќе остане во Рим.