Колку чини мирот и слободата во Израел и Иран?
Непроспиени ноќи и денови во засолниште – обичниот човек во Израел и во Иран изложен на ужаси. За луѓето на двете страни од конфликтот најскапи се мирот и слободата...

Додека војната ја разгоруваат високи геостратешки интереси, обичниот човек во Израел и Иран е изложен на ужаси. Секој, како што вели народната, плаче на својот гроб. Непроспиени ноќи и денови во засолниште минуваат жителите на Тел Авив, каде во нападите од Иран веќе има загинати и тешко ранети. Нашите соговорници од Израел велат, ниту бетонските засолништа не помагаат целосно.
Додека луѓето од Иран стравуваат да споделат што доживуваат, млада Иранка се охрабри да раскаже на група колеги, на што сѐ била изложена од сопствениот татко, инаку висок ирански командант и како што вели самата, еден од елементите на репресивните сили. Нарекувајќи се себе сведок на злосторот, таа објаснува како тој се подготвувал да избега со куфери полни со пари и лажни пасоши за целото семејство.
„Тој ли даваше наредби да се убива народот? ја праша еден од колегите:
„Каде да дојдам, имам фотографиите, имам видео-записи, документи. Ние не сме едни од нив. Отидов во движењето „Моксин“, ме уапсија за да ме препознаат пријателите. Дојде мојот татко и ме пушти. Потоа ме тепаше во истата куќа. Но, моите пријатели беа силувани. Како да ви ја објаснам таа болка?“, одговори младата Иранка.
Сега најскапи се мирот и слободата за луѓето на двете страни од конфликтот. Возрасните за младите, младите за своите соништа сите за слободен и напреден свет. Па сега Израелците се молат да добијат како што велат добар сосед по падот на режимот, а поголемиот дел од Иранците се молат за крај на насилството од страна на верската полиција и за крај на режимот.
Фиљана Кока
