Блиски исток

Македонци во Доха: Живот под претпазливост, но без паника

03.03.2026 17:39

По двете вчерашни детонации во катарската престолнина, трговските центри се празни, а училиштата и компаниите работат онлајн. Нашинците велат дека ситуацијата не е нова за нив и дека ќе останат, освен ако состојбата не ескалира.

Две детонации ја потресле Доха ноќеска, но засега е мирно. Учениците се префрлија на онлајн настава, трговските центри се празни, граѓаните ги слушаат препораките на надлежните да не се излегува од дома ако не е неопходно, сведочи за МТВ Миле Трифуновски, Македонец којшто живее во главниот град на Катар.

Ова не е ништо ново за нас, вели кумановец кој работи на Блискиот Исток. Не планираме да се вратиме, освен ако ситуацијата не излезе од контрола, засега остануваме тука.

За разлика од порано кога преку американски компании кумановци групно заминуваа на печалба, во Ирак и во Авганистан, оние коишто во моментот се на работа во Обединетите Арапски Емирати и Израел, индивидуално имаат работен ангажман.

Наташа Јанчиќ-Менковски