Мизар со „best of“ концерт во Македонска филхармонија на 3 април
Под мотото „Најдоброто од Македонија“, публиката ќе има можност да слушне избор од најзначајните композиции од богатиот опус на бендот, меѓу кои и теми од албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат Dreams“, „Детето и белото море“, „Поглед кон цветната градина“ и „Вечна празнина“.

Култниот македонски бенд Мизар на 3 април ќе одржи ексклузивен, интимен „best of“ концерт во Македонската филхармонија.
Под мотото „Најдоброто од Македонија“, публиката ќе има можност да слушне избор од најзначајните композиции од богатиот опус на бендот, меѓу кои и теми од албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат Dreams“, „Детето и белото море“, „Поглед кон цветната градина“ и „Вечна празнина“.
На сцената ќе им се придружат и специјални гости и музичари кои во изминатите 45 години оставиле свој белег во приказната на Мизар.
Бендот во моментов е актуелен и со новата песна „Вардар е Стикс“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 5 март во 10 часот, онлајн преку avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk, по цена од 1.200 и 1.500 денари.
