Собранието избира нови заменици министри во одбрана и образование
По повеќе од десет месеци од излегувањето на Таравари од Владата, премиерот треба да го комплетира владиниот состав, со испразнетите позиции во двата ресора...

Денеска во законодавниот дом ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование. По повеќе од десет месеци од излегувањето на Таравари од Владата, премиерот треба да го комплетира владиниот состав, со испразнетите позиции во двата ресора.
За заменик-министер за одбрана е предложен Адмир Шабани, долгогодишен портпарол на државната изборна комисија, а за образование – Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на „Вреди“. Ова е втора кадровска промена годинава, по пополнувањето на позициите што му припаѓаа на Изет Меџити со Беким Сали и Мухамед Хоџа.
Поради внатрешните превирања во „Вреди“ и спојувањето во една партија, албанскиот владин партнер веројатно ќе има смени и во пролетната реконструкција на владата. Касами побара смена на Лимани.
