Битола во исчекување на почетокот на еднонеделниот филмски спектакл
На неколку часа до почетокот на 35-иот ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола веќе се чувствува адреналинот од вечерашниот спектакл. Влезниците распродадени, а пристигна и француската актерска дива Жулиет Бинош...

Како никогаш досега Битола ќе го почуствува светскиот филмски гламур. Еднонеделниот филмски спектакал кој ќе биди отворен со филмот Облаците на Силс Марија во која главната улога ја има француската актерска дива Жулиет Бинош, и присуството на останатите два лауерати на фестивалот кинематограферите Крис Менџис и Лука Бигаци и можноста да се видат во живо за битолчани е привилегија.
„Секако дека е привилегија да имате можност да ги видите одблизу, но тоа е и една голема афирмација за градот кој последниве години прераснува во вистински филмски град“, вели Драган Белевски.
„За кого не би било задоволство да се биде во близина на такви истакнати филмски имиња, да можи човек да поразговара или да постави прашање на тие прес конференции. Тоа е добро за секој лјубител на филмот“, вели актерот Борис Чоревски.
Присуството на тројцата оскаровци на свеченото отварање на фестивалот и богатата програма во која значајно место имаат и најновите два македонски филмови беа доволен мотив филмскиот адренален да се почуствува порано.
„Отсекогаш сме имале проблем со влезниците за првата вечер но овојпат тој е навистина голем затоа што тие беа распродадени уште пред десетина дена, интерсот е доста голем и за останатите фестивалски вечери“, вели градоначалникот Владимир Талески.
Еден од најзначајните културни настани во земјава за отворен ќе го прогласи покровителот претседателот Горѓе Иванов.
Стевче Митревски
