Македонија

Во Основен суд Штип се суди за фемицид

04.03.2026 14:32

Во Основен суд Штип започнува судскиот процес против Денис Асанов, кој се товари за убиство на Борјанка Николова од Штип. Тој пред судот изјави дека не го сторил делото …

Почна судењето за убиството на 79-годишната Борјанка Николова во Штип. Дел од нејзиното тело во ноември минатата година беше пронајдено закопано во дворот на обвинетиот, 75-годишниот Денис Асанов.

Обвинетиот изјави дека не го сторил делото.

На почетокот на ноември минатата година сестрата на жртвата го пријавила нејзиното исчезнување. На 10-ти ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Асанов, при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.

Славица Величковска