Седница на Уставен

Уставен суд: Неуставно е финансирањето на Академијата за судии и обвинители

04.03.2026 14:52

Финансирањето на Академијата за судии и обвинители од Судскиот совет е неуставно, оти ја крши поделба на власта и навлегува во други закони, дебатираа уставните судии на 6-тата седница. Единствената дилема им беше, дали ќе поведат постапка веднаш или ќе дадат 60 дена на Собранието да ја поправи грешката во Законот за Судски совет, други пак за одлука со одложено дејство со новиот буџет за 2027-ма година…

Финансирањето на Академијата за судии и обвинители од Судскиот совет е неуставна, спротивна е со поделбата на законодавна, извршна и судска власт. Освен тоа, навлегува во Законот за обвинителство. Обвинителството има свој буџет, а идните обвинители се финансираат од Судскиот совет – дебата во Уставниот суд. Судиите поделени во ставовите – дали на Собранието треба да му се дадат 60 дена да ја поправи грешката во Законот за Судски совет или не.

Дел од судиите сметаат дека не треба да му се дава шанса на Собранието, но одлуката за укинување или поништување да биде со одложено дејство за да не се направи проблем на актуелниот буџет.

Уставните судии најавија нулта толеранција кон Собранието кое не ги почитува одлуките на судот за уставност на законите што ги носи.

Ирина Гелевска