Ракомет

Македонија и Градот Скопје домаќини на Светското младинско ракометно првенство во 2027 година

04.03.2026 12:44

Мундијалот ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на Светското првенство за играчи до 21 година, објави денес РФМ.

Мундијалот ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.

Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани, додаваат од федерацијата.

РФМ изрази благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување.