Одбрана

Началникот на Генералштабот на Армијата во работна посета на Вооружените сили на САД

04.03.2026 13:15

Во текот на престој во САД, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони, во Пентагон, Вашингтон...

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денес престојува во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави.

Во текот на престој во САД, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони, во Пентагон, Вашингтон.

Армиската делегација, во продолжение на посетата, ќе присуствува на церемонијата за примопредавање на должноста на командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, помеѓу генерал-мајор Грегори Најт, кој заминува во пензија и новопоставениот командант генерал-мајор Хенри Хардер.

Посетата на македонската армиска делегација на САД ќе вклучи бројни работни состаноци со високи воени претставници од Пентагон и Националната гарда на Вермонт, како и посети на клучни воени капацитети, со цел да се зајакне и унапреди стратешката одбранбена соработка помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.