Македонија

МОН: 1.200 стипендии за средношколци и 150 за студенти Роми годишно

04.03.2026 20:53

На презентацијата на Нацрт-извештајот за имплементацијата на стратегијата во Владата, државниот секретар во МОН, Елена Ивановска, истакна дека е зголемен опфатот на ученици Роми во основното, средното и високото образование, како и мерките за намалување на осипувањето и подобрување на транзицијата меѓу образовните нивоа.

Министерството за образование и наука продолжува со мерките за унапредување на образованието на Ромите во рамки на Стратегијата за инклузија 2022–2030, со цел поголема општествена еднаквост и социјална правда.

На презентацијата на Нацрт-извештајот за имплементацијата на стратегијата во Владата, државниот секретар во МОН, Елена Ивановска, истакна дека е зголемен опфатот на ученици Роми во основното, средното и високото образование, како и мерките за намалување на осипувањето и подобрување на транзицијата меѓу образовните нивоа.

Годишно се доделуваат 1.200 стипендии за средношколци и 150 за студенти Роми, а средношколците можат да се запишат во посакувана струка и со до 10 проценти помалку поени од предвидените. Зголемен е и бројот на ромски образовни медијатори – 50 во основното и за првпат 35 во средното образование.

Од МОН посочуваат дека се работи и на развој на неформалното образование и на спречување дискриминација и сегрегација, а извештајот треба да послужи како основа за понатамошно унапредување на инклузивните политики.

На настанот присуствуваа министри, претставници на Делегацијата на ЕУ, Обединетите Нации и граѓански организации.