Опозициски пратенички прашања во Собранието
Опозициски пратенички прашања во Собранието. ДУИ негодува зошто правосудниот испит не се полага и на албански јазик. Ресорите одбрана и образование добија нови заменици-министри...

Од економски прашања до констатации дека земјава е европска Колумбија. Опозициски пратенички прашања во Собранието. ДУИ негодува зошто правосудниот испит не се полага и на албански јазик. Премиерот Мицкоски цитирајќи го Уставот, потенцира дека претходната власт во која беше и ДУИ не ги синхронизирала законите.
Димитар Ковачевски побара примена на Законот за забрана на нефер трговски практики. Цените на храната бележат двоцифрен раст, а на терен се забележуваат сериозни отстапувања и драстични разлики во цените на идентични производи. Министерот Дурмиши со одговор-за нефер трговски практики изречени се над 30 казни, се откри и се санкционираше картелско здружување.
Опозицијата негодуваше зошто премиерот одговара на пратенички прашања, поставени до министрите. Тоа не било според Деловникот. Мицкоски најави дека многу скоро Законот за правична застапеност влегува во Собранието, преку кој ќе се цени стручноста и компетентноста. Ресорите одбрана и образование добија нови заменици-министри.
Миле А. Ристески
