Сведоштво на жртва на семејно насилство
Жртва на семејно насилство поради економската зависност, дури по 10 години се одлучила да стави крај на бракот, во кој и нивните три деца често биле сведоци на немили сцени. Приходите од редовната и хонорарната работа ја охрабрило да донесе одлука за развод...

Оваа жена е жртва на семејно насилство. Поради економската зависност, дури по 10 години се одлучила да стави крај на бракот, во кој и нивните три деца често биле сведоци на немили сцени. Психолошкото насилство брзо преминало во физичко, па во економско. Со парите што ги заработувала се исплаќале долговите на сопругот, направени од пороците.
Она што ја охрабрило да донесе одлука за развод е хонорарната работа, плус од редовната со која сметала дека ќе може да ги покрие трошоците за живот. Од службите и било понудено сместување во шелтер – центар за жени и деца жртви насилство, но поради работните обврски не прифатила. Сега работи на едно место, но е со минимална плата, живее под кирија со трите деца и секојдневно се бори за егзистенција.
Бракоразводниот процес е сè уште во тек. Сопругот е зад решетки, но се обидува да ја врати. Оваа жена е една од многуте, кои поради незавидната финансиска состојба таа размислува за таков чекор.
Александра Велинова
