„СЛУЧАЈ ЕПСТИН“

Претставничкиот дом повика седум лица, меѓу кои и Бил Гејтс, да сведочат за случајот „Епстин“

04.03.2026 16:55

Сослушувањата се закажани во периодот од 16-ти април до 9-ти јуни, при што ниту едно од повиканите лица досега не е кривично обвинето во рамки на случајот...

Претставнички дом повика седум лица да сведочат во рамки на истрагата за врските со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, меѓу кои и коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс. Сослушувањата се закажани во периодот од 16-ти април до 9-ти јуни, при што ниту едно од повиканите лица досега не е кривично обвинето во рамки на случајот.

Комитетот за надзор на Претставничкиот дом вчера објави видеоматеријали од часови сведочења од поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.