Здравство

Проблемот со обезноста станува сè посериозен

04.03.2026 19:27

Македонските се меѓу децата во Европа кои дневно внесуваат најмалку свежо овошје и зеленчук, но затоа се рекордери по грицки. Една третина имаат зголемена телесна тежина, околу 14 проценти живеат со дебелина – Институтот за јавно здравје соопшти алармантни податоци.

Секое трето дете во земјава има прекумерна тежина. Поразителни податоци од студијата на европска анализа. 34 проценти од машките и 28 проценти од женските деца на возраст од 6 до 9 години живеат со дебелина. Три четвртини од најмладите не јадат овошје и зеленчук, но консумираат засладени пијалаци и грицки. 60 проценти од населението во земјава има зголемена телесна тежина или обезност. Физичката активност е клучна, но колку и дали ја практикуваат ги прашавме граѓаните.

Дебелината ќе биде здравствен предизвик на 21 век, пред сите други болести, предупредуваат надлежните.

Надлежните со препораки на Светскиот ден на дебелината. Подобро да се превенира, отколку да се лекува.

Училиштето има пресудна улога во обликувањето на здравите навики кај децата. Проценката на УНИЦЕФ за храната во училишната средина покажува дека таму каде што е достапна храна, вообичаени се нездравите опции – како што се засладени пијалаци, слатки и солени грицки.

За време на анкетата, случајно ја сретнавме и познатата актерка Тања Кочовска. Еве ја нејзината изјава во нејзин стил:

Се гледа по мене, како не внимавам. Еве сега тука бев јадев морско, сега тука подолу ќе одам има една бабичка што прави тулумби … тоа е добро за ендорфинот … мене ми е страв само да не почнам да се борам со анорексија, тоа ми најстрашно од сè-вели Кочовска.

Александра Спировска