Временска прогноза
Променливо облачно со повремен локален дожд
05.03.2026 08:15
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 7 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
