Кривичен суд
Сведоци на обвинителството и денеска ќе сведочат на судењето за пожарот во „Пулс“
05.03.2026 08:44
Во судницата во Идризово ново рочиште за стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани...

Во судницата во Идризово ново рочиште за стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Денеска треба да продолжи сослушувањето на сведоците предложени од обвинителството.
На претходното рочиште пред судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16-ти март минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
