Влада
Премиерот Мицкоски во работна посета на Штип
05.03.2026 08:23
Мицкоски ќе присуствува на настан по повод проширувањето на производствените капацитети за метални конструкции и делови од конструкции во Друштвото за градежништво, инженеринг и трговија „АКТИВА“ ДОО Штип.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна посета на Штип. Мицкоски ќе присуствува на настан по повод проширувањето на производствените капацитети за метални конструкции и делови од конструкции во Друштвото за градежништво, инженеринг и трговија „АКТИВА“ ДОО Штип.
По завршувањето на настанот, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите, соопштија од владината прес-служба.
