Хаос на кванташкиот пазар во Куманово

13.09.2014 16:33

Земјоделците бараат услови за продажба на своите производи-проблем кој во Куманово со години се провлекува, а најмногу го чувствуваат струмичките производители на овошје и зеленчук. Тие продаваат во нехигиенски услови што може да се одрази на здравјето на сите.

Редица со камиони, зеленлук и овошје рапослани на картонски кутии наместени на тротоар и оваа сезона е сликата во Куманово на паркингот пред спортската сала. Струмичките производители и трговци велат дека овде немало никакви услови за продажба и од надлежните бараат да им се обезбедат, за што би платиле соодветни такси.

„Нема никави услови за продавање.Бараме да ни се напраат тезги, да има чешми со вода и тоалет“.

„Ние не сакаме да бидеме на улица од една страна не сме безбедни со толкава стока, а од друга страна нон стоп не казнуваат.Имам 4 казни за плаќање по 500 евра., велат трговците.

На импровизираниот пазар кој е во близина на булевар со згради и средно школо, најмногу се тргува на големо така што во четрток и недела овде целосно се блокира сообраќајот. Грѓаните кои живеат тука поднеле барање за нивно отстранување и јавно апелираа да се најде решение за проблемот.

„Не е легална продажбта, на улица е, не е чист зеленчукот, од нечистотијата се загадува“.

„Ниту има тезги, ниту паркинг за стока, ниту пак некој ред, катастрофа е, жалосно е за нас што живее тука во зградите“, велат револтирани граѓани.

Доколку во најбрз можен рок не се дислоцира пазарот можна е предизвикување на еколошка катастрофа и појава на разни болести од купиштата ѓубре што се создава од скапаниот зелнчук додават кумановци.

Со асистенција на полицијата и комуналната инспекција биле спроведени неколку акции за отстранување на дивите камионџии на овошје и зеленчук од паркингот, но беа безуспешни.Од Локалната самоупрва најавија поригорозна акција со запленување на стока и казни доколку не се дилоцираат струмичаните.

„Го злоупотребија нашето трпение кое е при крај. Тие добро знаат дека тука не е дозволена продажба, а Општината им даде простор да продаваат добиточниот пазар во Долно Којнаре. Ќе превземеме мерки да се спроведе оваа одлука“, вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Од Општината додаваат дека не земале никаков надомест од трговците како што велеа тие. Паркингот им го издавал концесионерот на спортската сала по цена од 100 до 150 денари дневно, но и покрај тоа продажбата овде е нелегална и ќе подлежи на санкции.

Габриела Димковиќ