Свет

Милиони жители на Куба останаа без струја

05.03.2026 12:33

Според властите, прекинот настанал по исклучување во една од најголемите термоелектрични централи, а за целосно обновување на работата може да бидат потребни најмалку 72 часа...

Милиони жители на Хавана и западна Куба останаа без струја по голем прекин на електричната мрежа, додека земјата се соочува со недостиг на нафта и дотраена инфраструктура.

Според властите, прекинот настанал по исклучување во една од најголемите термоелектрични централи, а за целосно обновување на работата може да бидат потребни најмалку 72 часа.

Ова е втор голем прекин на струја во западна Куба во последните три месеци.

„На никој не му се допаѓа ова. Нешто мора да се преземе. Куба треба да се спаси, ова е премногу за нас. Проблемите со електричната енергија не се единствени. Нема гас, нема вода, ниту пак, доволно пари за да купиме храна“, изјави Марлен Рикардо, жителка на Хавана.