Руско - украински конфликт

Путин се закани со запирање на испораките на гас за Европа

05.03.2026 10:49

Во сенка на војната во Иран, Русија ги засилува нападите во Украина. Москва го обвини Киев за напад врз руски танкер за гас во Средоземното Море. Во меѓувреме, трилатералните мировни преговори се одложени поради ескалацијата на Блискиот Исток, потврди Зеленски...

Во сенка на војната во Иран, Русија ги засилува нападите во Украина. Москва го обвини Киев за напад врз руски танкер за гас во Средоземното Море, а Путин се закани со запирање на испораките на гас за Европа пред забраната на ЕУ за увоз на руски гас на 25-ти април.

Киев сè уште не одлучил кога повторно ќе го пушти во работа нафтоводот „Дружба“, кој носеше руска нафта до Унгарија и Словачка.

Во меѓувреме, трилатералните мировни преговори се одложени поради ескалацијата на Блискиот Исток, потврди Зеленски. ЕУ реагира-додека Иран гори, Украина не смее да биде заборавена. Европските министри за надворешни работи на средба со колегите од Советот за соработка во Заливот за да разговараат за ситуацијата и можните следни чекори.

„Комуницираме со Америка на дневна основа. Во моментов, поради ситуацијата околу Иран, нема потребни сигнали за трилатерален состанок. Но, штом безбедносната ситуација и општиот политички контекст ќе дозволат да се продолжи со трилатералната дипломатска работа, тоа ќе биде готово. Украина е подготвена за ова“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

„Додека светот е фокусиран на војната на Блискиот Исток, не смееме да дозволиме Украина да исчезне од агендата. Москва можеби изгуби уште еден сојузник во Техеран, но истите дронови што го напаѓаат Дубаи го напаѓаат и Киев“, истакна Каја Калас, висок претставник на ЕУ.