Премиера на „Ова е само крајот на светот“ во Драмски театар
Директорот Роберт Вељановски, режисерката Теа Беговска и актерската екипа на денешната прес-конференција ја најавија премиерата на „Ова е само крајот на светот“ што ќе се игра на 7-ми март во 20 часот во Драмски театар. Актерската екипа ја сочинуваат актерите на Драмски: Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ...

Директорот Роберт Вељановски, режисерката Теа Беговска и актерската екипа на денешната прес-конференција ја најавија премиерата на „Ова е само крајот на светот“ што ќе се игра на 7-ми март во 20 часот во Драмски театар.
Режисерката Теа Беговска во своето обраќање се заблагодари за можноста да ја работи „Ова е само крајот на светот“ како прва продукција на Драмски во годината кога театарот ја одбележува 80-годишнината. Таа додаде дека станува збор за семејна психолошка драмата на францускиот автор Жан-Лик Лагарс напишана во 1995 година. Овој текст за прв пат се поставува во Драмски театар Скопје.
Актерската екипа ја сочинуваат актерите на Драмски: Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ.
Преводот и адаптацијата на текстот „Ова е само крајот на светот“ ги направи режисерката Теа Беговска, а во уметничкиот дел од тимот на претставата работеше сценографката и костимографка Надја Василева-Ковачовска, гостинка од Бугарија. Музиката во претставата е на Енес Беговски. Мултимедијалниот дел и видеоматеријалот ги подготвија: оператор на камера Велимир Стојановски, видеооператор Матеј Трајковски и технички координатор Михаил Узунов. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска.
„Ова е само крајот на светот“ е активна, современа, длабоко емотивна тема во која членовите на семејството се толку блиску еден до друг физички, а секој живее во својата вселена. Од медиумски аспект, претставата е хибрид на театарски и филмски елементи што публиката ќе ги следи преку видеопроекции.
Актерката Билјана Драгиќевиќ-Пројковска која го игра ликот на мајката вели: „Претставата е еден емоционален ролеркостер во која гледачите во 90 минути ќе можат да ја почувствуваат илузијата на едно семејство и да посведочат како со премолчување семејството ги споделува работите, најчесто со одложување на вистината“.
Во режисерската белешка за претставата Теа Беговска пишува:
