МНР

Евакуација на македонски државјани од кризниот регион

05.03.2026 17:16

Македонски државјани од Израел попладнево треба да бидат евакуирани со владиниот авион кој попладнево треба да летне од Шарм Ел Шеик. Според последните информации од македонското МНР, досега се евидентирани 505 македонски граѓани за враќање од Блискиот Исток.

Владиниот авион со шестмината патници, македонски државјани од Израел треба да полета од аеродромот во Шарм ел Шеик и да стигне на скопскиот аеродром во вечерните часови. Со ова Министерството за надворешни работи информира дека е завршен процесот на евакуација на Македонците оттаму.

Во наредните денови ќе се извлекуваат и нашинците од Емиратите, Бахреин, Доха и Кувајт, превозот е обезбеден и платен од Владата, информираше премиерот Мицкоски апелирајќи до македонските државјани да ги следат насоките од МНР.

505 нашинци побарале да бидат евакуирани од ризичните подрачја на Блискиот Исток, најголем дел од емиратите 458 граѓани, 141 лице од Доха, останатите од Бахреин и Кувајт. Тие ќе бидат вратени во земјава со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.

„Во следните денови се очекува да почне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија. Процесот на евакуација се реализира согласно со веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции“- стои во соопштението од МНР.

Од МНР ги повикуваат Македонците кои сè уште не стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва, а имаат потреба од помош тоа да го сторат во најкус рок преку дежурните броеви или СОС бројот на МНР. За враќањето на нашинците од земјите од Блискиот Исток, министерството ќе издвои 60 милиони денари.

Викторија Милевска