Семејно насилство

Шелтер-центрите со третина од потребниот капацитет

05.03.2026 12:58

Бројот на повици за семејно насилство се зголемува, а државава располага со третина од потребниот сместувачки капацитет во шелтер-центрите, предвиден со Истанбулската конвенција. Покрај безбеден престој, жртвите се повеќе бараат слободата да му се ограничи на насилникот и против него да бидат преземени соодветни мерки, велат од Националниот совет за родова рамноправност...

Шелтер-центрите во нашата држава 19 на број, располагаат со третина од потребниот сместувачки капацитет, предвиден со Истанбулската конвенција – на 1.000 жители по едно легло. Но, жртвите на семејно насилство во денешно време не бараат сместување во шелтер-центар, туку наместо нив, слободата да му се ограничи на насилникот и против него да бидат преземени соодветни мерки – велат од Националниот совет за родова рамноправност.

Право и обврска на секој поединец во општество е да пријави насилство-апелираат адвокатите. Потсетуваат на секундарната бесплатна правна помош со која жртвите на семејно насилство бесплатно се застапувани од адвокати пред институциите. Според измените на Кривичниот законик и при повлекување на жртвите на пријавата, постапката продолжува по службена должност.

Бројот на повици на жртвите на семејно насилство од година во година се зголемува, а само минатата година имало 780 јавувања. 141-700 е СОС линијата достапна 24/7 на три јазици македонски, албански и ромски.

 

Александра Велинова