Објавен јавниот повик за изучување на англиски јазик од страна на таксистите
Осумдесет часови обука ќе минат сите таксисти кои сакаат да ја задржат лиценцата. Целта е да се здобијат со основни знаења од англискиот јазик, за што ќе добијат и сертификат што ќе биде услов за вршење на дејноста.

„Министесртвото за транспорт и врски и ЗЕЛС објавија јавен повик за пријавување на такси возачи вработени во правни лица и лиценцирани за такси дејност од општините за посетување на обука за изучување на аглиски јазик. Трошоците за обука за изучување на англискиот јазик ќе бидат обезбедени од буџетите на општините. Целта е обезбедување на поквалитетен такси превоз, особено кога станува збор за туристите коишто доаѓаат во посета на нашите градови“, истакна портпаролот на министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски.